Во Гази Баба не се диши: Измерени 1000 ПМ 10 честички или 20 пати повеќе од дозволеното

Големо ниво на ПМ10 честички во воздухот е забележано во општина Гази Баба. Денес се измерени дури 1000 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички или над 20 пати повеќе од дозволеното ниво.

Загадениот воздух и понатаму секоја година е главен проблем кој ги мачи скопјани. Граѓаните постојано на социјалните мрежи објавуваат фотографии и се жалат од гоелмата загаденост.