Заев очекува вето, надеж има после изборите во Бугарија

Откако се позивесно е дека Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ, премиерот Зоран Заев во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека треба да ги почекаме изборите во Бугарија.

-Имаме уште малку време и простор, меѓутоа извесно е дека Бугарија месецов пак ќе стави вето.  Мислам дека треба да почекаме да им поминат изборите во март, да размислуваат со трезвена глава. Да го немаат тој притисок од избори, рече Заев.

Тој најави свикување лидерска средба откако ќе разврши ова поглавје од преговорите со Бугарија.

Ние сме Македонци што зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ, а патриотизам е да не бидеш заглавен во минатото и со тоа да ја загрозуваме сегашноста којашто никако не може да ја отвори иднината, рече премиерот Заев во интервју за радио Канал 77.

„Патриотизам во политиката е да обезбедиш двајца грчки премиери да потврдуваат постоење македонски јазик и македонски народ. Што бранат лидерите на опозицијата овие денови со протестите што ги организираат? Нели го изгубивме идентитетот со договорот од Преспа, како што велеа тие? Тешко, невозможно е да се постигне консензус со луѓе што лажат дека Холандија и Данска го блокираат усвојувањето на преговарачката рамка. Деманти стигнаа од највисоките политички институции на овие земји. Да лажете не е патриотизам“, рече премиерот Заев во интервјуто за Канал 77.