По победата на изборите, британскиот премиер Борис Џонсон најави излез од Европската Унија до 31-ви Јануари 2020 година.

„Ќе завршиме со Брегзит на време, до 31 јануари, нема ако, нема ама, нема можеби“ истакна Џонсон во обраќањето пред приврзаниците во Лондон.

Џонсон изјави дека најголемото конзервативно мнозинство од 1980-тите значи потврда дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ претставува волја на британскиот народ.

Според најновите податоци од изборите во Британија, конзервативците на Џонсон освоија најмалку 363 мандати од вкупно 650 пратенички места.