Месец на Стрелецот (22.11-21.12) – општи карактеристики

Ова е огнен машки знак кој е под владеење на Јупитер. Добрите својства на овој знак помогнати се од дејството на Сонцето и  Марс.

Родените во овој знак имаат многу добра морална и духовна основа. Способни се за акција, нивните видици се широки и тешко им е да се смират на едно место. Никогаш не се задоволни од себе и секогаш одат напред. Плановите ги прават прилично грубо и кога ќе дојдат деталите, тие многу вешто и брзо успеваат да ги решат. Успешно раководат со сите акции и не поднесуваат никаква импровизација во тој правец. Сигурни се во себе и во своите постапки и не избегнуваат за нив да дискутираат. Тогаш отворено настапуваат и затоа имаат многу прикриени непријатели. Секоја па и најмала прилика ја користат на сите да им ја кажат  вистината во лице, тоа често им преминува во навика па стануваат вообразени. Многу се самосвесни и секогаш мислат далеку напред, така што често не можат да го разберат обичниот секојдневен живот. Знаат да се потсмеваат на тоа, а понекогаш и да претераат.

Тие се многу коректни и праведни. Се служат со луѓето во остварувањето на своите цели, но многу се благодарни за секоја добиена помош. Амбициозни се и многу способни. Не се плашат од ништо, никакви промени, дури во тоа и уживаат. Сакаат патувања и секогаш фантазираат за тоа да го обиколат цел свет. Никогаш не прашуваат како, бидејќи тоа некако ќе се реши. Кај нив е се дозволено за среќен исход на потфатот, кон тоа секогаш се придржуваат. Некогаш се занесуваат со тоа и стануваат лажливци, надуени и неморални. Сепак им оди од рака да повеќето ги прифатат и почитуваат! Уживаат големи почести и брзо се збогатуваат. Во младоста се многу приврзани за родителите, но сепак преовладува нивното тежнеење за самостојност и независност. За неа секогаш се борат и тогаш не бираат средства.

Квалитети: немилосрдност, галантност и чистота, способни се и самостојни.

Мани: фалење, вообразеност и снобизам.

Заболуваат од црниот дроб.

Нив во животот ги очекуваат многу опасности и изненадувања. И покрај големите искушенија тие од сите опасности вешто се извлекуваат и при тоа од рака им поаѓа некој неочекуван пресврт. Тие се во постојана борба, но во повеќето случаи излегуваат како победници. Имаат доверба во својата инспирација и неочекувани идеи и со многу мала помош од страна успеваат да постигнат многу. Значајно место во професионалниот свет ќе постигнат со некој свој пронајдок (некое научно откритие, некоја нова постапка). Идеите ќе им доаѓаат неочекувано и тие сами ќе ги спроведуваат. Склони се при тоа да своите работи ги обавуваат изолирани од светот, и често стануваат скоро пустинци кои се занимаваат со истражувачка работа.

Во работите поврзани со патувања и некакво организирање тие можат да се истакнат и тогаш се скоро во својот вистински елемент.

Големи работници се и себе се присилуваат на големи напори. Тие се внесуваат во работата и не наоѓаат време за здивнување. Областите право, банкарство, дипломатија или црква им пружаат на овие личности можност да го развиваат својот ран елан. Исто така некоја издавачка дејност или воспитување се области во кои тие можат да се пронајдат себе си. На полето на уметноста тие имаат малку шанси за некој поголем успех. Поради својата искреност често се доведуваат себе си во непријатни ситуации, па стануваат жртви на афера, интрига и неочекуван пресврт.

Среќни броеви: три, четири, осум.

Поволни денови: недела и понеделник.

Нивни бои: жолта и сива.

Познати личности родени во овој знак: Бетовен, Черчил, Флобер, Берлиоз, Милтон.

Основни карактеристики на хороскопските знаци