До крајот на декември работниците треба да добијат К-15

Покрај економска криза предизвикана од Ковид-19, на работниците треба и мора да им биде исплатен регрес за годишен одмор К-15 до крајот на годинава.

Минималниот износ на К-15 годинава е 10.884 денари. Сепак фирмите кои не оствариле добивка годинава не се обврзани да исплатат К-15 и за истото треба да ги информираат работниците.

Синдикатите најавуваат тужби како за приватниот, така и за институциите кои нема да ја реализираат обврската.

Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен. Основен услов кој треба да се исполни одреден вработен за да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во годината кај ист работодавач.

За газдите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, се пропишани парични казни до 4.000 евра.