(ФОТО) Дали вака ќе изгледа новото нормално!? Испорака на коли во „корона заштита“

Индискиот производител Tata Motors одлучи да воведе испорака на своите автомобили во безбедносни балони, како заштита од Ковид-19.

Дали се работи за лудост, маркетинг или само претпазливост проценете самите.

Оттаму наведуваат дека пластичниот меур е целосно стериле, а истовремено овозможува спречување на било каков контакт од страна на дистрибутерот односно продавачот со новото возило. Така се гарантира дека крајниот купувач добива целосно безбедно возило кога е во прашање коронавирусот.

Дали ова ќе привлече повеќе купувачи, а со тоа и зголеми продажбата на Tata останува да видиме во наредниот период.