Украден паричник од починат пациент на Клинички

Вчера во полициска станица Центар е пријавено дека од пациент кој починал, а бил хоспитализиран во ковид-центар на Клиничкиот центар во Скопје бил украден паричникот во кој имало пари, лични документи и предмети.

Нема информации во која клиника во рамки комплексот „Мајка Тереза“, од оние каде се сместуваат ковид-пациенти бил хоспитализиран пациентот.

Според пријавата, кражбата се случила во периодот од 21 до 29 ноември. Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.