(ВИДЕО+ФОТО) Се сруши 900-тонскиот телескоп на опсерваторијата Аресибо во Порторико

Until it was surpassed recently by a similar instrument in China, the Arecibo radio telescope in Puerto Rico, completed in 1963, was the world's single largest.

Огромниот познат радиотелескоп во Порторико пропадна по децении астрономски откритија.

 

 

Американската национална фондација за наука (НСФ) соопшти дека платформата на телескопот тешка 900 тони паднала врз рефлекторната чаша на околу 137 метри подолу, јави Би-Би-Си.

Несреќата се случи една недела откако официјалните лица објавија дека телескопот ќе биде демонтиран од безбедносни причини по откажувањето на неговиот систем за поддршка.

Телескопот во опсерваторијата „Аресибо“ е еден од најголемите во светот.

Тоа беше 57 години, клучен научен ресурс за радиоастрономите и беше познат од сцените во филмот за Џејмс Бонд од „GoldenEye“ и други холивудски филмови.

НСФ соопшти дека нема повредени по уривањето на објектот.

Во август се скинаа два кабли на платформата за поддршка, оштетувајќи ја структурата и принудувајќи ги вработените да ја затворат опсерваторијата.

Претходно овој месец, официјалните лица изјавија дека структурата ќе биде демонтирана.