Пратеникот што беше фатен на „секс забава“ во Брисел си поднесе оставка

Белгиската полиција во петокот вечерта упаднала на „секс забава“ и пронашла поголема количина на дрога на местото на настанот.

На собирот присуствувале дваесет и пет лица, претежно мажи, вклучително и неколку дипломати и член на Европскиот парламент.

Учесниците во оргиите биле казнети за кршење на полицискиот час.

Медиумите јавуваат дека станува збор за унгарски пратеник кој после настанот поднел оставка.

За време на полицискиот упад, пратеникот наводно се обидел да избега преку олук, но бил фатен од полицијата, по што се повикал на неговиот имунитет.

Сепак, политичарот на владејачката унгарска партија Фидес, Јозеф Сајер, призна  дека бил присутен на домашна забава во Брисел минатиот петок, кога упаднала полицијата поради кршење на мерките против епидемијата.

Јосиф по признанието рече дека не користел никакви опијати и дека може слободно да биде тестиран.

По овој скандал, тој испрати јавно извинување и додаде:

„Денеска во белгискиот печат се појави напис во весник за домашна забава во Брисел во петокот, на која присуствував. По полициската потврда, посочив дека сум пратеник затоа што немав документи со мене, полицијата ја спроведе постапката, добив вербално предупредување и бев ослободен .

Јас не земав дрога, и понудив на полицијата на лице место да направам службен тест, но тие одбија. Полицијата соопшти дека е пронајдена таблета екстази. Не е моја, не знам чива е. Дадов изјава во полиција за ова.

Жал ми е што ги прекршив правилата за собирање, ова беше неодговорно од моја страна и ќе ги сносам санкциите што доаѓаат“.

(ФОТО) Европски политичари фатени во масовна оргија во Брисел