Владата предлага до Собранието да ја продолжи кризната состојба до Јули 2021 година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република С.Македонија.

Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието на Република С. Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.