Цела куќа ја обоила во црно, за да одаде почест на мрачната 2020.

Американата Хана Бичлер на Твитер сподели фотографии од нејзината куќа, која ја обоило во црно поради 2020 година.

„Во чест на 2020 година, ја обоив куќата во црно“, напишала Хана. Таа ја обоила куќата црна, прозорците се црни, па дури и покривот. Таа исто така открила дека мајсторите работеле на овој проект цели два месеца.

Многумина сакаа да ја видат и внатрешноста на куќата, а Хана наскоро ги споделила и тие фотографии. Куќата внатре не е целосно црна, а дизајнот ги воодушеви многумина.

„Се надевам дека ќе ја задржам оваа боја барем неколку години, но ќе видиме“, рече таа на прашањето дали планира да се врати на „класичниот“ изглед на куќата во подобри времиња.