Советникот за борбата против коронавирусот на Трамп, поднесе оставка!

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против коронавирусот Скот Атлас се повлече од оваа функција, пренесоа светските агенции. Портпарол на Белата куќа потврди дека неврорадиологот од универзитетот Стенфорд поднел оставка на функцијата советник.

Скот Атлас се приклучи на работната група на Белата куќа во текот на летото. Тој често доаѓаше во конфронтација со водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи и со координаторот на Белата куќа за борба против коронавирусот Дебора Брикс, јави БТА.

Атлас се залагаше за пристап кон укинување на здравствените ограничувања за новиот коронавирус да може брзо да се шири меѓу населението и да создаде имунитет.

Скот Атлас му се заблагодари на актуелниот претседател Доналд Трамп за можноста да работи за доброто на американскиот народ и изрази надеж дека администрацијата на Џо Бајден нема да ја забави борбата против пандемијата.