„Епл“ во Италија казнет со 10 милиони евра затоа што лажеле дека телефонот е водоотпорен

Италијанската антимонополска комисија ги казни 10 милиони евра две компании, Apple international и Apple Italia за неточно рекламирање на паметни телефони и неисполнување на обврските, кои се гарантираат со набавка на нивниот мобилен телефон

Имено, компанијата Apple во рекламните пораки тврди дека нивните паметни телефони се отпорни на вода до 30 минути на длабочина од 4 метри.

Сепак, контролата утврди дека тоа не е точно и дека тврдењето на компанијата се однесува само на лабораториско мерење на паметните телефони на Apple.

Имено, за време на лабораториски мерења се користи статичка и чиста вода, што не одговара на реалниот живот. Казната следуваше, бидејќи Apple одби да им ја признае на клиентите штетата предизвикана откако нивниот паметен телефон беше оштетен од вода или некоја друга течност, иако е под гаранција.

„Епл“ неодамна плати уште 113 милиони долари во афера против забавување на телефонот и уште 502 милиони долари за кражба на патенти, па со овој судски спор, цената на казните сега е 625 милиони долари, што не е мала за толку голема компанија како „Епл“.