Кинеските власти велат дека коронавирусот не потекнува од Вухан, СЗО смирува

Светската здравствена организација во понеделникот објасни дека ќе стори сé што е можно за да се најде животинското потекло на КОВИД-19.

„Сакаме да го знаеме потеклото на вирусот и ќе сториме се што можеме за да го откриеме“, изјави шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебриезус пред новинарите, повикувајќи ги критичарите кои ја обвинија агенцијата за предавање на контролата врз истрагата на Кина, да престанат со „политизирање“ на ова прашање.

Властите во Кина велат дека вирусот првпат не се појавил во Вухан затоа што биле откриени траги од неговото присуство во пакувања замрзната храна увезена од Европа минатата година.

Гебриезус изрази надеж дека меѓународен експертски тим наскоро ќе ја посети кинеската провинција Вухан, која се смета за „лулка на пандемијата на коронавирусот“.

“Нема што да се сокрие. Позицијата на СЗО е многу јасна. Треба да го знаеме потеклото на тој вирус затоа што може да помогне да се спречат идни епидемии”, рече Гебриезус.

Соединетите држави, кои се најпогодени од пандемијата, отворено ја обвинија Кина дека крие некои податоци, а СЗО за исполнување на барањата на властите во Пекинг.

Другите земји, кои наидоа на помалку критики, сè уште се сомневаат дека Пекинг го забавува процесот на откривање детали за вирусот.

Меѓународен експертски тим составен од десетина научници ќе има за задача да го открие потеклото на вирусот и да открие како тој бил пренесен на луѓето. Досега, тој тим не беше во можност да ја посети Кина, каде започна епидемијата на крајот на 2019 година.

Иако научниците веруваат дека вирусот потекнува од лилјак, сè уште не е познато кое животно било медијатор и довело до пренесување на вирусот на луѓето.