Меркел: Македонија се‘ уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, за време на германското претседателство со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.

Како што објави Дојче веле на македонски јазик, Меркел истакна дека германското претседателство се уште се соочува со тешкотии за одржувањето меѓувладината конференција и дека сè уште има потреба од преговори меѓу Софија и Скопје.

Меркел изјави дека се надева оти Северна Македонија ќе започне преговори со ЕУ оваа година, додека Албанија ќе мора да почека.

Ангела Меркел им порача на парламентарците дека големо внимание се посветува на регионот на Западен Балкан и дека „таму има тензија, но има и напредок“.