Дедото што свиреше на хармоника пред болница во Италија го расплака светот

Снимката од 81-годишниот Стефан Божини како свири на хармоника на улица, под прозорецот на болницата каде што се лекуваше неговата сопруга Карла, ја расплака планетата. Карла почина во својот дом пред неколку дена, откако беше пуштена од болницата во Пјаченца.

Иако не била заразена со коронавирусот, Стефано не можел да ја посети Карла додека била во болница поради пандемијата, пишува Би-Би-Си.

Затоа Стефано го замолил управата на болницата да му дозволи да отсвири неколку песни на неговата хармоника под прозорецот од собата каде што била сместена Карла со цел да и’ даде пет минути среќа.

И испратил и бакнеж на неговата сопруга со која бил во брак 47 години и која го гледала од прозорецот на болницата.

Posted by Valerio Marangon on Sunday, November 8, 2020

„Тоа беше сончев ден, посакувам да свирев подолго, цел ден“, изјави Стефано за локалните весници.

Трогателниот гест на Стефано Божини беше јавно поздравен и од градоначалничката на Пјаченца, Патриша Барбиери, која на својот Фејсбук профил напиша: „Во таа серенада, сите ја препознавме Љубовта, во едноставноста и непосредноста на нејзиниот универзален јазик“.