ЦУК предлага Собранието да ја продолжи кризната состојба за уште 30 дена

Центарот за управување со кризи, вчера ја одржа втора седница на Групата за процена во ЦУК.

Со седницата на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.

Согласно дневниот ред беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден.

Истовремено, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а согласно планот за координирано дејствување,  донесен на Втората седница на Главниот Штаб за управување со кризи.

Петта седница на Главниот штаб

Исто така, вчера во Центарот за управување со кризи, се одржа петтата седница на Главниот штаб за управување со кризи. Штабот  е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

На седницата, покрај состојбата во државата во различни ресори, беа разгледани и определени активности на институциите, а и насоки за обезбедување валидно информирање на граѓаните и спречување на ширење дезинформации.  Тоа е со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“.

На седницата е одлучено да се формира и заеднички Медиа центар при Главниот штаб за управување со кризи, заради координирано тековно информирање на јавноста за активностите коишто произлегуваат од Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ со што се загрозува безбедноста и здравјето на населението.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.

Една недела кризната состојба – Што е преземено за справување со КОВИД-19