Арсовски: Мора да имаме суштински ветинг, а не ветинг по мерка на СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М истакна дека Македонија нема независно судство. Се сеќавате дека имавме случај каде што градоначалник од редовите на ДУИ јавно излезе и кажа дека бил уценуван од страна на премиерот Заев за влијание во Врховен суд, така да очигледно е дека има влијание. А најдобар показател е дека директно Зоран Заев влијаел, нарачувал и да речам на некој начин осудувал, а тоа се виде и преку СЈО, каде што Заев заедно со Катица Јанева и останатите обвинители коишто ги плаќале преку огромни хонорари кои за 3 до 4 години изнесуваат над 10 милиони евра, вели Арсовски.

Арсовски во однос на случајот Рекет истакна дека правдата ќе биде задоволена во моментот кога ќе биде најден вистинскиот нарачател на овој скандал кој што ја државата изминатиот период, посочувајќи дека на граѓаните им е добро познато кој е главата на овој криминален октопод.

За влијанието на Заев врз судските процеси, Арсовски го напомена и ослободувањето на двајцата пратеници коишто во Собранието гласаа за промена на уставното име по желба на Заев, како и ослободителната пресуда за случајот поткуп каде што целата јавност виде како Заев од позиција на тогашен градоначалник на општина Струмица бараше поткуп „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

Очигледно е дека во моментов СДСМ ги има полугите во правосудството, а тоа се случаевите коишто беа отворени за сериозен криминал, прислушкувањето во јавното обвинителство, на јавните обвинители и судиите, случајот со фирмите на Кочо Анѓушев, Фондот за иновации за доделените грантови, а гледаме дека поминаа година дена, но се уште нема ниту еден решен случај, изјави Арсовски.

Во однос на ветингот, Арсовски посочи дека мора да е суштински ветинг, а не по мерка на СДСМ.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, Венецијанската комисија во своето мислење посочила дека Законот за употребата на јазиците е неприменлив особено во делот на судството. Донесен на шверцерски начин без јавна дебата. Венецијанската комисија потврди дека законот е неуставен и донесен надвор од законските процедури, вели Арсовски во „Патот кон“, на Алсат.