Вчера се одржа јавна расправа за новиот закон за надворешни работи.
Професионалци пред политички кадри – најмалку 80 отсто од амбасадорите во иднина да бидат дипломати од кариера, предвидува новиот предлог закон на министерството за надворешни работи. Според Димитров ова е обид за драстично подобрување на соодносот меѓу политички дипломати и дипломати од кариера.
Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот синдикат влегоа во судир околу новиот Предлог закон за надворешни работи, кој треба да се донесе кога земјата е во предизборен период.
Министерот Димитров рече дека новиот Предлог закон ќе ја реформира дипломатската служба во согласност со европските стандарди и ќе создаде основа за заслуги. Претседателот на Синдикатот на македонската дипломатска служба, Рефет Хајдари, се спротивставува на поделбата на вработените.
„Имаме забелешки за категоријата на колеги со административни звања кои сега ќе останат според Законот за административни службеници. Значи, нашиот предлог ќе биде и тие да бидат дел од Законот за надворешни работи и ние ќе предложиме да се третираат како дипломатско – конзуларни референти.“
„Многу одредби и членови ги поддржуваме, но имаме и наши забелешки и третирања на одредени категории на вработени колеги во министерството. Нашите забелешки ќе ги изнесеме во писмена форма. Ќе имаме и наши предлози во одредени членови и понудени решенија.“ – Рефет Ајдари Синдикат на македонска дипломатска служба.
Бидејќи претседателот на новоформираниот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ има 30 забелешки на Предлог законот, кој според него, создава услови за авторитарно министерство, бара изготвување на друг Предлог закон.
Поранешниот министер за надворешни работи, Александар Димитров, очекува бројни реакции на член 7 од Предлог законот, според кој, Владата е креатор на надворешна политика, додека Собранието ја спроведува, што е спротивно на политичкиот систем на земјава. Во законот да се вметне и систем на ветинг – предложи екс министерот за надворешни работи Александар Димитров. Тој смета дека е добро што се воведува внатрешна контрола, но е спорно тоа што само 3 месеци се предвидени за обука на некариерни дипломати.
Министерството за надворешни работи е потценето од министерот за финансии – Димитров денеска побара и поголем буџет . МНР има вкупно 432 вработени, од кој 290 во куќата а останатите во дипломатско конзуларните претставништва – буџетот е 21 милион евра.