Владата го спасува Охридското езеро со акциски план без податоци од Струга и со полувистини

Мораториумот е фарса а Акцискиот план, во формата во која е изготвен, е срамно да се испрати до организација како УНЕСКО, сметаат дел од невладините организации. Екологистите со многу забелешки за содржината на владиниот план за управување со природното и културно наследство на Охридскиот регион од кое зависи одлуката дали ќе остане под заштина на УНЕСКО или не.

Според преставаниците на невладините организации кои беа присутни на денешната јавна дебата, Акцискиот план е донсен спротивно на важечките закони, во него нема никакви мерки за мониторирање на спроведените мерки и активности но што е најстрашно во него се наведени комплетни невистини кои сега се во рацете на УНЕСКО.

Дел од клулчните институции воопшто не биле вклучени во изработката на акцискиот план ниту пак биле консултирани, како на пример националната канцеларија на УНЕСКО ниту пак прецизно и точно се наведени сите деветнаесет препораки од УНЕСКО.

Како пример за површноста на Акцискиот план може да се земат плажите и начинот на кој тие ќе се стопанисоуваат и ќе се регулира ова прашање. Така во решенијата нема никаде насоки што треба да се прави со веќе постоечките тврди дивоградби изградени на брегот и во водата на езерото.

Нејасно е и како Владата го изготви Акциоскиот план кога од градоначалникот на Струга ги нема добиено неопходните инфромации, како регистерот на дивоградби и целосниот регистер на плажи и зошто воопшто го толерира индолетниот однос на Разми Мерко.

Според надлежните, УНЕСКО треба да даде одговор со ставови и предлози околу доставениот Акциски план.

Планирани се уште две дебати, кои ќе се одржат во Охрид и Струга, а граѓаните имаат рок до 3 декември да достават забелешки и предлози  кои евентуално би биле инкорпориани во овој Акциски план кој треба да се донесе до крајот на годинава.