Институтот за национална историја реагира за актуелните состојби на политичкото осопорување на македонската национална историја и идентитет

Институтот за национална историја реагира за актуелните состојби на политичкото осопорување на македонската национална историја и идентитет.

Во согласност со својата потврдена професионалност и научна релевантност во историските истражувања, Институтот  реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација.

„Институтот за национална историја претставува најстара научна установа во македонската држава, чијашто дејност е приоритетно фокусирана на научното проучување на историските процеси од минатото на македонскиот народ и нација, на етничките заедници, како и на релациите со соседните балкански народи и држави.Во многубројната научна продукција на Институтот се анализираат и балканските политики во однос на македонското прашање и
македонизмот, чиишто рефлексии можат да се согледаат и во актуелните состојби.

Во согласност со својата потврдена професионалност и научна релевантност во историските истражувања, Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација. Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии.

Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат детерминирани исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи. Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на било
какви политички влијанија!“

Институт за национална историја