(ВИДЕО) Јавноста во Италија бесна: На јавен сервис инструкции како жените да пазарат на секси начин  

Попладневната емисија на италијанската јавна телевизија Раи, беше отстранета од програмата и нема да се емитува по скандалот со упатства за жените како да пазарат на секси начин во маркети и продавници.

Бурата од протести на социјалните мрежи се прошири на страниците на дневните весници, а потоа и на парламентот.

Инструкциите за „секси“ пазарење водителката ги прикажуваше на начин што огорчените граѓани прашуваа „Дали е ова се инструкции за филмови за возрасни“ и „Дали сме во лудница или на ТВ“.

Парламентарната комисија за контрола на јавниот сервис РАИ веќе испрати писмо до директорите на телевизијата во кое остро го осудува написот „полн со стереотипи за тоа како жената треба да биде секси и кога да ги прави своите вообичаени дневни работи“.

Во меѓувреме, директорот на програма Раи Лудовико Ди Мео, јавно се извини за несоодветниот придонес во програмата на јавната телевизија.

Демократската партија, која е дел од коалициската влада, побара смена на директорот на телевизијата Раи.