Филипче: Состојбата по болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи на пациенти

Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дела на денешниот состанок со директорите на ковид центрите во Скопје разговаравале за состојбата со вирусот.

На инфективните оддели има доволно слободни места.

“Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат”, соопшти Филипче.