Бензините од полноќ повторно поскапуваат, еве колку ќе изнесуваат

Со најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, малопродажната цена на горивата во нашата земја повторно поскапуваат

Регулаторна донесе најнова одлука според која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја во просек од 2,57 проценти во однос на цените кои беа утврдени минатата недела.

Според најновата одлука на Регулаторна, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар, додека малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за денар и половина. Така, според ова, од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе точиме за 60,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 62,50 денари, додека Еуродизел ќе се продава по цена од 53 денари по литар гориво.