Погребан „таткото на иранските бомби“: Властите се заканија дека ќе се одмаздат за убиството

Убиениот научник Мохсед Фахризад, кој ја основаше воената нуклеарна програма пред две децении, беше погребан во Иран, а министерот за одбрана Амир Хатами, вети дека неговата работа ќе продолжи „со поголема брзина и сила“.

Почесниот чувар носеше ковчег со телото до гробот, кој беше убиен во петокот. Ирански официјални лица го обвинуваат Израел за убиство, пренесува АП.

Покрај министерот за одбрана, на погребот присуствуваа и шефот на револуционерната гарда, Хусеин Салами, воени претставници, шефот на нуклеарната програма и шефот на разузнавачката служба, и сите тие се држеа на дистанца и носеа маски.

Фахризад е погребан во дворот на џамија во северен Техеран.

Израел е осомничен за убиството на Фахризад, а иранската државна телевизија денес објави, повикувајќи се на анонимни извори, дека оружјето пронајдено на местото на убиството му припаѓа на Израел и тоа го заклучиле врз основа на ознаката на оружјето.

Фахризада беше на чело на иранската нуклеарна програма позната како АМАД, за која Израел и Западот тврдат дека прават нуклеарно оружје.

Како одговор на атентатот, иранскиот парламент започна со ревизија на законот што би спречило Меѓународната агенција за атомска енергија да изврши инспекција.