Дачиќ: Заев не е политички незнајко, знае дека неговите изјави не се точни

Претседателот на српското Национално собрание и поранешен министер за надворешни работи Ивица Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија.

Тој оцени дека премиерот,Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но дека му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.

„Но, немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Со тоа тие плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија повеќе ја нема, што чекате. Ако се толку желни за прегратка, тие не би ја чекале 2020 година “, рече Дачиќ.