Бајден го претстави новиот тим за комуникации составен само од жени

Новоизбраниот претседател на САД Џозеф Бајден го претстави новиот тим за комуникации во Белата куќа, составен целосно од жени, пренесува Гласот на Америка.

“Горд сум што го претставувам првиот тим на високи службеници за комуникации во Белата куќа чии членови се сите жени. Квалификувани и искусни комуникатори ќе придонесат за изградбата на оваа земја преку различни пристапи и споделени одговорности”, рече Бајден.

Бајден ја номинираше Џен Псаки, поранешен портпарол на Стејт департментот за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, за секретар за медиуми во Белата куќа. Псаки на Твитер напиша дека ова е најразновидниот тим на Белата куќа во историјата, кој, како што напиша, го сочинуваат шест мајки.

Кејт Бедингфилд, портпарол на неговата кампања, е номинирана за директор за комуникации во Белата куќа.

Симон Сандерс, висок советник во кампањата Бајден-Харис, е номинирана како портпарол на новоизбраната потпретседателка Камала Харис, додека Елизабет Александар, поранешна портпаролка и секретар за печат на Бајден во времето кога беше заменик претседател, треба да биде директор за комуникации на првата дама Џил Бајден.