СДСМ: Хистеријата на Мицкоски е на штета на државата и на сите граѓани, да каже за кои структури од Бугарија одработува

Губитникот Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже за кои туѓи интереси одработува, со кои структури во Бугарија соработува кога, на она срамно дефиле пред малубројните поддржувачи пред Владата рече дека има „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија“.

Викендот помина, државата остана цела, Мицкоски не одговори кој му ја дал информацијата дека Македонија, наводно се распарчува и зошто нешто толку опасно не пријавил кај надлежните институции.

ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.

Хистеријата што ја шири Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ.

Слично се однесуваше и за потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги дека македонскиот идентитет е загрозен за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен.

Граѓаните знаат кој го штити македонскиот идентитет, а кој им штети на државните и национални интереси и затоа ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе бидат во опозиција. – Се вели во соопштението од СДСМ