Во САД се предупредува за нов бран на КОВИД-19 за време на Божиќ

Водечкиот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи предупреди дека земјата може да се соочи со нов пик на КОВИД-19 за време на Божиќните празници, објави АПФ.

„Рековме дека такво нешто може да се случи кога времето ќе почне да се лади и кога ќе почнеме да патуваме и тоа се случи“, рече Фаучи.

Бројот на инфекции од коронавирус во САД во последните неколку недели го достигна највисокото ниво од пролетта.

Бројот на потврдени случаи досега е 13,3 милиони, вклучувајќи околу 4 милиони регистрирани во ноември, според Универзитетот Џон Хопкинс.