Дали Артета е вистинскиот? Арсенал со најслаб старт во последните 39 години!

Пред само неколку недели, скоро сите навивачи на Арсенал живееа под илузија дека тимот наскоро ќе се врати во битката за титулата во Премиерлигата.

Довербата во младиот менаџер Микел Артета беше огромна откако Шпанецот ги донесе до трофејот во ФА Купот и Комјунити Шилд.

Сепак, „топџиите“ имаат само 13 поени по првите 10 натпревари и го прават својот најслаб старт на шампионатот во последните 39 години, откако пвторно направија кикс вчера. Во сезоната 1981/82 во истата фаза, лондончани имаа предност од 12 поени.

“Нашиот противник шутираше двапати кон нашиот гол и постигна два гола. По паузата игравме добро и верувавме дека можеме да го свртиме резултатот. Ги промашивме нашите шанси. Сите играчи минуваат низ такви периоди во кои топката едноставно не сака да влезе во голот” – прокоментира Микел Артета.

Лондончани досега постигнаа само 10 гола, што им дава петто место меѓу екипите со најслаб напад на шампионатот.