Потресна вест за Марадона откриена во Аргентина!

Фудбалската легенда Диего Марадона беше погребан во петокот наутро по приватна церемонија, но неговото тело, положено во ковчегот, било без срцето на славниот Аргентинец, пишува авторитетниот локален весник „Кларин“.

Информациите доаѓаат од извори блиски до истражните органи, кои ја спроведуваат истрагата за причините за смртта на Златното момче. Познато е дека светскиот шампион од 1986 година почина на 60-годишна возраст во средата, додека се опоравуваше од операција на мозок.

Изворот на публикацијата известува дека за време на обдукцијата лекарите наишле на необична глетка. Срцето на Марадона било многу поголемо отколку што се очекувало. Така, тие постигнаа договор со наследници на Дон Диего да го земат срцето, а целта е да направат повеќе истражувања.

„Срцето на Марадона беше отстрането и зачувано за понатамошно истражување, бидејќи се покажа дека е двојно поголемо од вообичаеното“, рече Кларин, повикувајќи се на извори во истрагата.

Петте патолози кои извршија обдукција се категорични дека Диего Марадона починал од срцев удар. Во нивниот извештај, тие посочија на присуство на акумулирана хронична срцева слабост. Овој проблем доведе до акутен белодробен едем, што предизвика фатален исход.

Сè уште е нејасно што ќе се случи со срцето на Марадона следно. Се претпоставува дека по завршувањето на дополнителните истражувања, тој исто така ќе биде сместен во гробот на фудбалската легенда.