Џо Бајден скршил нога додека си играл со своето куче

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се здоби со мала фрактура на десното стапало откако се лизнал и паднал додека си играл со едно од неговите кучиња, изјави неговиот личен лекар, пренесоа Ројтерс и АФП.

Претходно вчера, канцеларијата на Бајден објави дека инцидентот се случил во саботата, а 78-годишниот демократ вчера посетил ортопед во Њуарк, Делавер, пренесува БТА.

Првично, неговиот личен лекар, Кевин О’Конор, рече дека Бајден има истегнување на десниот скочен зглоб. Сепак ренгенот не покажа очигледна фрактура, но тој направи дополнително скенирање за прецизно да ја процени состојбата на повредата.

Компјутерната томографија потврди мали пукнатини во страничните и средните клинести коски, кои се наоѓаат во средината на стапалото, појасни лекарот во друга изјава објавена од прес-службата на демократите. Тој додаде дека Бајден веројатно ќе мора да носи ортопедски чевел неколку недели.