Во Јапонија за еден месец има повеќе самоубиства отколку жртви од Ковид во цела година

Во Јапонија, државната статистика покажува дека досега самоубиствата во октомври однеле повеќе животи отколку КОВИД-19 цела година. 

Месечниот број на самоубиства се искачи на 2.153 минатиот месец, според јапонската Национална полициска агенција. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Јапонија е 2.087, соопшти Министерството за здравство.

Јапонија е една од ретките големи економии што открива навремени бројки за самоубиствата – најновите национални податоци за Соединетите држави, на пример, се од 2018 година.

Јапонија долго време се бореше со една од највисоките стапки на самоубиства во светот, според Светската здравствена организација. Во 2016 година, Јапонија имаше 18,5 самоубиства на 100 000 жители и се најде на второто место во оваа мрачна статистика за регионот на Западен Пацифик по Јужна Кореја. Во исто време, тој е далеку пред светскиот просек, што е 10,6 на 100.000.

Во октомври, самоубиствата меѓу жените во Јапонија се зголемија за скоро 83% во споредба со истиот месец минатата година. За споредба, самоубиствата кај мажите се зголемија за скоро 22% во текот на истиот период.