Од другата година  се предвидува  при увоз на  постари возила кој загадуваат повеќе  да се  плаќаат  повисоки давачки. Сопственците на плацеви за половни  автомобили,   тврдат  дека ваквата мерка нема да помогне да се обнови возниот парк и за намалување на загадувањето, а може само да го зголеми трошокот за граѓаните.

Отако се укина  првично најавената субвенција  до 3.000 евра за купување на  понови  коли,  министерот Бектеши  вели дека ќе се работи на измени  со кој субвенции  ќе  добиваат граѓаните кој ќе купат автомобил со ЕУРО 5 или повисок стандард.

Според анализите автомобилите учествуваат со 20  отсто во загадувањето.  Податоците на царината покажуваат дека во ноември биле увезени  над 3.000 употребени и околу 500 нови возила. Законот за моторни возила е во собраниска  процедура.