Силјановска Давкова: ЕУ не може да стимулира или толерира консензус за нешто што е спротивно на нејзините определби

Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во централниот дневник на ТВ Сител посочи дека согласно европските и меѓународните документи не може да се расправа за идентитет, за историја, за јазик, тоа е внатрешна работа на секоја држава.

„Веројатно тоа што го направи Вили Бранд, навистина беше голем потег бидејеќи извинувањето отвори пат за помирување. Не верувам дека сега е моментот за тоа и дека господинот Борисов ќе го направи тоа, но верувам во нешто друго. Верувам во европските вредности“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека европските вредности кажуваат дека се во корелација со оние на Обединетите Нации, врзани со правото за самоопределување, Лисабонскиот договор кои силно го афирмираат почитувањето диверзитетот на членките. Конвенцијата на ЕУ за фундаменталните права исто така инсистира на почитување на различностите. Што значи согласно европските документи и меѓународните документи не може да се расправа за идентитет, за историја, за јазик, тоа е внатрешна работа на секоја држава.

„Тогаш решија дека Комисии составени од луѓе од науката ќе распрваат за прашањата на научен начин, а политичарите ќе ги послушаат. Но кога имате разговори под капата и закрилата на министерствата за надворешни работи и кога утврдувате рокови во кои мора да се направи како што е сега од страна на Бугарија инаку следи ветото, тогаш прашањето е до кога Балканот вака ќе се однесува“, запраша Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека историските факти се неминовни за тоа постојат и документи и слики кои многу повеќе кажуваат.

„ЕУ не може да стимулира или толерира консензус за нешто што е спротивно на нејзините најважни документи и определби. Тогаш самата би го негирала она што го утврдила реков во основните акти на ЕУ“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека поради тоа членките на ЕУ не се вплетуваат во овој спор со Македонија и Бугарија.

Силјановска Давкова истакна дека дилетански е да донесете Патоказ само про – форма, стравува дека власта ќе донесе Анекс на договорот.

-Во однос на патоказите јас го почитувам мислењето на експертите, вчера ја чувме Малинка Ристовска која укажа дека патоказ е патоказ, за мене многу дилетантски звучи да склучиме Патоказ про-форма, но тоа нема да биде дел од рамката за преговори, што е типично балкански манир, вели Силјановска Давкова.

Како што спомена таа потребно било да има координација помеѓу претседателот, премиерот, министерот за надворешни работи и министерот за евроинтеграции за оние работи кои сега ги слушаме од медиумите, бидејќи од другата страна од старт со ист тон говореа Радев и Борисов, а во уште порадикален тон Захариева и Каракачанов.

Таа истакна дека требаше да утврдиме сами меѓу себе рамка и затоа цени дека она што го направија бугарските политичари кои се договорија во Собранието, требаше истото да се направи и овде за да може сите наши претставници да имаа еден документ кој ќе содржеше црвени линии за кои прашања немаше да се разговара како демократски аргумент, но тоа не се случи туку вон институционално се дејствуваше.