Бугарија за еден ден регистрираше 1792 случаи со Ковид-19 и 69 починати

Во БУгарија во последните 24 часа регистрирани се 1792 нови случаи на КОВИД-19, покажуваат податоците на Унифицираниот информативен Ковид портал.

Бројот на регистрирани примероци е скоро двапати помал од вчера, но причината е во помалку извршените PCR тестови – 4928. Така, процентот на позитивни примероци е релативно висок – 36,4%.

Последните 24 часа починаа 69 лица.

Оздравени се 1.039 пациенти.

Официјално, активните случаи во Бугарија во моментов се 90.219.Од нив – 6.830 пациенти се во болница, 431 – во одделенија за интензивна нега.