По 15 години Мајк Тајсон се врати во рингот и за разлика од порано овојпат бобата заврши со меч без победник против Рој Џонс.
Тајсон и Џонс ја завршија борбата со прегратка, притоа „Челичниот Мајк“ веднаш барајќи и реванш.
„Ремито е очекуван и најправеден исход. Среќен сум што повторно бев во рингот. Иако овие две минути по рунда сега траат како некогашните три, повторно ќе се борам. Мора да го повториме мечот, сакам реванш“ – рече Тајсон.
Тајсон за оваа борба заработи околу десет милиони долари, додека Рој Џонс заработи околу три милиони долари.