Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, пишува премиерот Зоран Заев вечерва на фејсбук.

Тој исто така наведува дека етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нив.

Како што пишува тој поважна и посериозна е разликата во нивните светогледи.

“Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.

Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.

Доста беше омраза”, пишува Заев.

Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, November 28, 2020