Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски позитивен на Ковид-19 вирусот

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски е позитивен на Ковид-19 вирусот.

-Почитувани сограѓани, во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид 19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен. Ве известувам дека, како Општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом, истакна Пекевски.

Ова како што додаде градоначалникот на Берово е доказ дека вирусот никого не остава имун поради што упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита.