Зошто кучињата секогаш им приоѓаат на луѓето кои не ги сакаат?

Верувале или не, не сите луѓе сакаат кучиња. Но, зошто кучињата целосно ја игнорираат непријатноста кај луѓето кои не сакаат кучиња и секогаш први им приоѓаат?

Професор на Ветеринарното училиште на Универзитетот во Џорџија вели дека веројатно не станува збор за кучиња кои намерно избираат луѓе кои се плашат од нив, туку за тоа како тие луѓе ја гледаат ситуацијата.

Добро воспитано и социјализирано куче ќе им приоѓа на различни типови на луѓе. Оние луѓе кои се плашат од кучето ќе бидат посвесни за неговото присуство и ќе помислат дека намерно им приоѓа.

Сепак, постојат неколку причини зошто кучињата избираат да комуницираат со одредени луѓе. На пример, ако кучето пораснало опкружено со жени, можно е да се чувствува попријатно во женско друштво отколку во машко друштво.

Ако некое лице е рамнодушно кон куче, можно е таа личност да биде попривлечна за кучето. Понекогаш дури и добро социјализираните и добро воспитани кучиња претпочитаат луѓе кои се резервирани од оние кои се пријателски расположени.

Кучињата подобро го разбираат говорот на телото и можат да проценат кој ќе биде ентузијаст со нив, а кој ќе биде воздржан и врз основа на тоа, тие ќе одлучат на кого сакаат да му пријдат.

Ако кучето малку се плаши од луѓе или не сака да го галат луѓе, сигурно ќе се чувствува попријатно во друштво на личност која не сака кучиња и која нема да се обиде да го гали.

Иако на луѓето им се чини дека кучињата прават намерно такви работи, понекогаш кучето едноставно се чувствува подобро во друштво на мирна и воздржана личност, па тој претпочита да го избере оној кој се плаши од кучето наместо оној што го пречекува со ентузијазам.