Дали личниот доктор на Марадона е виновен за смртта ?!

Неколку дена по по смртта на Диего Армандо Марадона се појави информација која укажува на голем пропуст на личниот лекар на „Ел Пике“. Адвокатот на Марадона, еден ден по неговата смрт соопшти дека брзата помош доцнела, а два дена подоцна откриена е причината за доцнењето.

Според аргентинските медиуми кои дојдоа до судските извештаи, личниот доктор на Марадона, Леополд Луке при повикот на брзата помош пропуштил да наведе дека станува збор за легендарниот фудбалер.нПоради ова дел од фановите и медиумите сметаат дека тој е еден од главните виновници на смртта.