(ФОТО) Иран се сомнева дека израелската служба го убила нуклеарниот научник Фахризад

Иранските власти соопштија дека постојат сериозни индиции дека Израел е одговорен за ликвидацијата на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризад и се чини дека тие ќе го искористат правото да ги бранат државните интереси.

„Предупредувам за авантуристичките мерки што САД и Израел ги презедоа против мојата земја, особено во претстојниот период на американската администрација во заминување“, стои во писмото испратено од иранскиот амбасадор во ООН Мадрид, Такт Раванци, до генералниот секретар Антонио Гутереш.

Во писмото до кое имал пристап Ројтерс, Раванци посочил дека „Исламската Република Иран го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки со цел да ги брани своите луѓе и националните интереси“.