(ФОТО) Кластер „Black Friday“: Гужвата пред продавниците ќе се префрли пред болниците

Понекогаш ниту мерките, ниту надлежните, туку самите ние луѓето сме криви за ширење на пандемијата.

Традиционалниот ден на попусти  „Black Friday“, во Македонија беше со огромни редови пред продавниците и трговските центри, без почитување на мерките и одржување на пропишаната дистанца.

Голема е веројатноста гужвите од пред продавниците, да се префрлат пред болниците и да имаме многу новозаразени со Ковид-19.

Дали требаше да се дозволи да има „Black Friday“ во време на пандемија е прашање на кое треба да одговорат надлежните.

Дали можеше овој пат попустите поради вирусот да траат повеќе денови, недели, па и месеци исто така треба да одговорат надлежните и организаторите.

Дали можеби оваа акција со попусти трешае да се спроведе онлајн исто така е прашање за дискусија.

Но, за сето тоа е сега доцна, грашката е направена, грешката е повторена по којзне кој пат.