Казнети 299 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор и 29 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 95 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 65 возила со специјално возило пајак. За неносење на  заштитна маска изречени се 10 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.