Се е договорено! Барса ги намалува платите за 122 милиони евра!

Барселона најде барем привремено решение за излез од тешката финансиска криза, откако постигна договор со играчите да ги намалат платите за цели 122 милиони евра.

Првичната намера на клубот беше износот да биде 190 милиони евра, па на крајот беше направен компромис од двете страни.

Заштедените пари практично доаѓаат од потпишување нови договори со играчите на краток рок. Ова важи за Џерард Пике, Клеман Ленгле, Марк-Андре тер Штеген, Френки де Јонг и други.

Асовите на клубот ќе се вратат на нормалното ниво на плата со подобрување на економската состојба, која се влошува поради пандемијата на коронавирусот.

Весникот Марка објави дека финансиската состојба на Барселона не е добра. Заклучно со јуни 2020 година, долговите на клубот беа 488 милиони евра.

Во следните три сезони Барселона ќе троши 50 милиони евра годишно на плати, се вели во материјалот.