Ливерпул и Вајналдум повторно не можат да се договорат!

Играчот од средниот ред Џорџино Вајналдум и Ливерпул се уште не можат да постигнат договор за новиот договор на играчот. Двете страни разговараат скоро една година, но неколкупати беа прекинувани поради сериозни разлики во нивните барања. Според медиумите во Англија, преговорите повторно се во застој.

Договорот на Холанѓанецот истекува по завршувањето на сезоната, што значи дека од 1 јануари ќе има можност да преговара со други клубови и да потпише прелиминарни договори.

Интерес за играчот од средниот има од Барселона, како и италијанскиот Интер.