Црниот петок во САД помина претежно на Интернет

Црниот петок во САД помина претежно на Интернет. Во некои продавници, вработените во жолти елеци делуваа како полицајци во сообраќајот, мерејќи ја температурата на клиентите и нудејќи брзи купувања пред вратата.

И покрај пандемијата и наметнатите ограничувања, некои Американци сепак чекаа рано пред продавниците во потрага по најдобрите зделки.

Некои беа традиционално опремени со вреќи за спиење и шатори. Сепак, традиционалните пресметки и борби за стоки не се случија поради воведувањето строги мерки за санитарна безбедност во продавниците.

На предпразничен шопинг излегоа и во Велика Британија. Во Бирмингем се формираа долги редици пред големте трговски ланци.