(ВИДЕО) Мајк Тајсон со 5 килограми потежок од Рој Џонс Јуниор!

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон имаше тежина од 99,8 килограми пред борбата со поранешниот кандидат во пет категории Рој Џонс Јуниор во Калифорнија. Рој се покажа со тежина од 95,2 кг.

Битката меѓу двајцата ветерани е во „Стајпс центарот“ во Лос Анџелес и е кулминација на големата гала вечер. Борбата помеѓу Тајсон, кој официјално не боксува од 2005 година и Џонс Јуниор, кој ја заврши својата кариера во 2018 година, ќе се одржи според посебна регулатива. Натпреварот меѓу нив е предвиден за осум кола од по две минути.