Сабота работен ден за административците, од 12 часот ќе чистат со „Не биди ѓубре“

На денешната седница на Владата е усвоен заклучок за времето за почеток на акцијата Администрацијата чисти со „Не биди ѓубре“.

Согласно заклучокот а Владата акцијата ќе започне во 12 часот согласно временските прилики кои се најавени за 14 декември, сабота, кога ќе се спроведе оваа акција.

Јавната администрација оваа сабота ќе се вклучи во активностите на граѓанската иницијтива „Не биди ѓубре“ и ќе го чисти сметот на 12 локации низ Скопје:

Сарај покрај реката Треска, кај Аквадуктот, кај спортскиот центар Борис Трајковски, на Кале, кај Музејот на современа уметност, на улица Бихачка, кај касарната Илинден, кај училиштето за физичка култура Методија Митевски Брицо, помеѓу Домот на АРМ и парламентот, кај Меѓуградската автобуска и железничка станица, на улица Џон Кенеди, на улица Македонија, на потегот кај МКЦ и МРТВ и кај касарната Гоце Делчев. Ќе се чисти исто така и на улиците Ферид Бајрам, Александар Урдаревски и Индустриска, како и кај Очната болница во месноста Јуриј и целиот кеј на реката Вардар.

Со овој ангажман надвор од своите канцеларии административците воедно ќе го одработат 2 јануари. Министерот денес апелираше до вработените во државните институции активно да се вклучат во оваа акција, а ги повика и да земаат учество и во натамошните активности на „Не биди ѓубре“ и на другите слични граѓански здруженија и иницијтиви кои вложуваат напори за почиста животна средина. Оваа акција е поддржана од Канцеларијата на Европскта Унија во Скопје, како и од поголеми компании, „Зегин“, „Пакомак“, „Еурофарм“, „Нула отпад“ и други, чиишто вработени министерот исто така најви дека ќе се вклучат во чистењето оваа сабота.

Почетокот на акцијата е закажан за во 12 часот поради најавениот дожд во сабота изутрина, рече Манчевски. Надлежни за спроведување на чистењето ќе бидат раководните лица на сите институции кои ќе учествуваат во оваа акција, што значи и премиерот и министрите и директорите на институцииите и установите, појасни министерот Манчевски.

За сите учесници е обезбедена соодветна опрема, ракавици, ќеси, како и маски каде што е тоа потребно, а ќе го селектираме собраниот отпад додаде министерот.