Започнаа испораките на вакцината Pfizer во САД и Европа

Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ започна со достава на вакцината против коронавирусот, произведена од „Фајзер“, до складовите во САД и Европа, објави „Волстрит журнал“.

Според весникот, „Јунајтед ерлајнс“ во соработка со „Фајзер“, започнале испораки на вакцината со карго чартер летови. Во моментов се полнат  складиштата во американската држава Мичиген и во Белгија. Подоцна испораките се планираат во Висконсин и Германија.

За да ги изврши испораките, авиокомпанијата побара од Федералната управа за авијација на САД дозвола за транспорт на 6,8 тони сув мраз, што е пет пати повеќе од дозволеното со закон. Потребен е мраз за да се одржи температурата ниска за да може безбедно да се чува вакцината.

Минатата недела германската фармацевтска компанија „БиоНТех“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ испратија барање до Управата за храна и лекови на САД за регистрација на вакцината против коронавирусот.

Специјалисти од надзорното тело ќе го проучат барањето, а потоа ќе биде разгледано од колеџ на независни експерти, што треба да се состане на 10 декември.

Така, употребата на вакцината во итни случаи може да се одобри околу средината на декември.

Претходно, „БиоНТех“ и „Фајзер“ изјавија дека се подготвени да започнат со дистрибуција на вакцината во рок од неколку часа по нејзиното одобрување и дека е ефикасна 95 проценти.